ВТОР ХЕТ-ТРИК ВО НИЗА ЗА РОНАЛДО ОСТВАРЕН ВО ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ (ВИДЕО)
Објавено на: 03.04.2024
Кристијано Роналдо повторно го предводеше Ал-Наср до огромна победа, овојпат од 8-0 над Аба, а Португалецот постигна нов хет-трик во само едно полувреме, но запиша и асистенција. Два од трите гола ги постигна од слободен удар, за изданието да му биде уште поимпресивно.
Кристијано втор меч во низа постигнува по три гола за само едно полувреме, пред четири дена заби три од вкупно пет гола против Ал Тае, кои ги постигна во вторите 45 минути од мечот.
Суперѕвездата на Ал-Наср не застанува со решетање на мрежите, во саудиската лига стигна до 29 погодоци и 11 асистенции на 24 меча, додека вкупниот учинок на Роналдо сезонава е 36 гола и 12 асистенции на 35 натпревари.