КИН ГО КРИТИКУВА ХАЛАНД: СВЕТСКИ ГОЛГЕТЕР, НО ИГРА КАКО ДА Е ДОЈДЕН ОД ТРЕТА ЛИГА
Објавено на: 03.04.2024
Ерлинг Халанд имаше уште едно бледо издание во дерби натпревар, овојпат беше неприметен во дуелот против Арсенал кој можеше да ја одлучи титулата во Премиер лигата.
Норвежанецот иако ги тресе мрежите редовоно, во натпревари против тешки противници никако да го истакне својот квалитет, па се најде на удар на критики од страна на Рој Кин.
Легендата на Манчестер јунајтед смета дека Халанд треба да ја подобри целокупната игра, не само да чека да забива голови, туку има и други сегменти во кои може да се доразвие, а доколку не го стори тоа, ќе продолжи да личи на играч со квалитет од третата англиска лига.
„Да се разбереме, Халанд е најдобар голгетер во светот. Во таа работа моментално никој не му е рамен, но целокупно гледано, не е многу корисен за екипата. На моменти личи на фудбалер од третата англиска лига, без разлика што забива голови како од шега. Верувам дека со текот на годините ќе успее да се надогради во останатите аспекти од неговата игра“, посочи Кин.