Фудбал

РОЈ КИН: ДА БЕВ ИГРАЧ НА СИТИ, ЌЕ ГИ ФРЛЕВ ОСВОЕНИТЕ МЕДАЛИ ВО ЃУБРЕ

Легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин, жестоко реагираше по одлуката со која Манчестер Сити е прогласен за виновен за сериозни прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата.

Независната комисија утврди дека Сити во период од девет сезони користел лажни или прикриени комерцијални договори, со што вештачки ги зголемувал приходите и ги намалувал прикажаните трошоци. Вкупната вредност на утврдените финансиски неправилности се проценува на околу 1,05 милијарди евра.

Во периодот опфатен со случајот, Манчестер Сити освои осум големи трофеи.

„Да бев играч, сто проценти би ги фрлил медалите во ѓубре. Тоа е мамење. Ги освоиле на теренот затоа што мамеле“, изјави Кин.

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед смета дека случајот може да влијае и врз актуелниот тим на Сити.

„Ќе биде многу тешко за играчите и тренерот, но и за целиот клуб, кога имате сопственици кои се подготвени да мамат. Тешко е во такви услови да се одржи нивото на извонредност“, додаде Кин.