НОВ ВИКЕНД, НОВ ТИКЕТ НА КОЛОТО ОД ИГОР ТРПЕСКИ
Објавено на: 07.02.2025
Како секој друг редовен типстер, откажувањето не е опција. Затоа, составив нов предлог-тикет за претстојниот викенд.
Издвоив шест пара од најинтересните лиги со надеж дека конечно ќе бидам добитен.

ЕМПОЛИ – МИЛАН Т2 2+
Росонерите беа доста зафатени во јануарскиот преоден рок со доведување на неколку нови имиња, кои веќе покажаа дека се добра инвестиција, како позајмениот Жоао Феликс и новиот шпиц Санти Хименес во куп-дуелот против Рома.
Поради тоа, очекувам екипата на Консеисао и на ова гостување барем двапати да ја затресе мрежата.
Б. ДОРТМУНД – ШТУТГАРТ 1+ во прво и 3+ цела
Во три од последните пет меѓусебни дуели, Дортмунд и Штутгарт редовно ги полнеле мрежите. Токму тоа ме натера и во оваа средба да очекувам голови, односно најмалку еден гол да падне во првите 45 минути, а до крајот на средбата да има три или повеќе погодоци.
РЕАЛ М. – АТЛЕТИКО М. ГГ
Меѓу најразгорените дуели се случуваат кога градските ривали Реал и Атлетико ги одмеруваат силите. Овој дуел нема да се игра само за три бода, туку и може да го одреди понатамошниот тек во трката за титулата во Шпанија.
Моите очекувања се дека и двата гиганти ќе постигнат барем по еден гол.
НАПОЛИ – УДИНЕЗЕ 2+ во второ
Лидерот во Серија А честопати сезонава покажа дека е поефикасен по 15-минутната пауза, додека Зебрите имаат просек од повеќе од еден примен гол на гости. Затоа логично е да очекувам дека на „Марадона“ стадионот ќе гледам ефикасно второ полувреме во кое ќе паднат барем два гола.
СОСИЕДАД – ЕСПАЊОЛ 1
Сосиедад мора да ја прекине серијата од три порази во Ла Лига, а шансите да го стори тоа се сосема големи ако се знае дека Еспањол има 8 порази и само две ремија на 10 првенствени гостувања сезонава.
КАРЛСРУЕ – БРАУНШВАЈГ 1+ во прво и 1+ во второ
Да не биде дека играм само парови од првите лиги, Цвајте секогаш подарува ефикасни дуели, па токму тоа очекувам да се случи на средбата меѓу некогашните бундеслигаши.
Најмалку по еден гол во двете полувремиња е сосема логичен тип.
Со уплата од 200 денари, добивката е 4.606 денари по пресметан данок. Првиот натпревар на тикетот почнува во сабота во 18 часот, што значи дека имате време да го уплатите со шифрата за брза уплата во Златна Копачка до 17:59 часот, со надеж дека во недела навечер ќе бидам добитен
ШИФРА ЗА БРЗА УПЛАТА: W02071081016
