Фудбал

РИШАРЛИСОН МАВА БОКСОВИ (И) НА ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Најлошо е кога ќе дојдеш некаде, па се правиш дека си староседелец, или се обидуваш да влезеш во бандата што е одомаќинета. Тогаш, многу често повлекуваш непромислени потези, кога се обидуваш да се наметнеш во друштвото.

Тотенхем и Севиља играа пријателско реми 1:1, кое и не беше толку пријателско. Прво Монтиел налета на лактот на Сон, потоа играчите од шпанската екипа го нападнаа фудбалерот на англиската, за потоа да продолжи инцидентот.

Ришарлисон, кој инаку често трејдува боксови и фаќачки за врат и со свои соиграчи, сега фрли едено мало кроше кон противниците, на пријателска средба:

Дечко, од која планета си ти?