Фудбал

ШПАНСКАТА МАРКА ГИ ОБЈАВИ ТРИТЕ ЕКИПИ КОИ ПОТРОШИЛЕ НАЈМНОГУ ЗА ТРАНСФЕРИ

Престижниот медиум од Пиринејскиот полуостров наведе дека три екипи се „расфрлале“ со пари во летниот преоден рок, од кои едната е базирана во Шпанија, а втората и третата на оваа листа, се од Англија. Вака изгледа „преодната“ мини-табела, летово:

Барселона – 115 милиони евра
Манчестер Сити – 108 милиони евра
Лидс Јунајтед – 105 милиони евра

Ова немаше да биде чудно, ако знаеме дека до скоро Барселона немаше право да регистрира фудбалери поради прекршување на финансискиот фер-плеј и имаше долг од околу 1 милијарда евра. Според Марка, Реал е единствениот шпански клуб со здрави финансии.