Кошарка

ЈА ШУТНА МЕЃУ ПРЕПОНИ И ЌЕ СИ ПАУЗИРА ДОЛГО?

Една од легендите на WNBA лигата, ако не и најголемиот играч кој се појавил на женската кошаркарска сцена во историјата на овој спорт, направи непромислен потег кој може да ја чини скапо.

Диана Тураси влезе под кошот, отиде на обрач, се одрази да шутне и кога виде дека пред неа има противничка кошаркарка, ја шутна намерно во пределот меѓу препоните:

Ова беше оценето како намерна лична грешка, или неспортска лична грешка број 2, што значи автоматско исклучување од натпреварот и можност да се добие поголема и подолга суспензија од страна на Лигата.

Заслужува ли Тураси да биде казнета во една од последните, ако не и последната сеозна во нејзината богата кариера исполнета со многу трофеи на клупско и на репрезентативно ниво со селекцијата на САД?