ШТО (ЈА) ИГРАА ФУДБАЛЕРИТЕ НА РЕАЛ ПРОТИВ БАРСА И ДАЛИ КУМАН ИМ ПОМОГНА ЗА ТИТУЛАТА?
Објавено на: 30.04.2022
Реал Мадрид ја освои 35-та титула во Шпанија, апсолутен рекорд кој тешко дека некоја екипа, во овој век, ќе успее да го достигне или престигне. Не затоа што нема години на располагање, туку затоа што има една пречка, која се вика Кралски клуб.

Кога мадридската екипа е комплетна и има внатрешен континуитет, никој не може да и парира, па дури ниту најлутиот ривал од најдобрите денови и со најдобрите играчи. Реал е посебна организација и едноставно во тој клуб владее посебна фудбалска магија.
#RMFans x Cibeles x #CAMPEON35 = 😍 pic.twitter.com/qeIzTKVAIc
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) April 30, 2022
Сезонава, на пример, Барселона патеше во првата третина од првенството, по што се реши да го отпушти Куман и заигра нешто подобро. Победи со 0:4 на Бернабеу и по скоро три години повторно се присети како е да се победи омразениот противник.
Но, од оваа перспектива, ќе се прашаме што (ја) играа фудбалерите на Реал Мадрид на таа средба? Пред и по тој натпревар, машинеријата меле се пред себе, а конкурентот губи од кого стигне. Како и да е, 35-ката свети во витрините, а Plaza de Cibeles денеска гори…