Фудбал

РЕКОРДЕРОТ СПОРЕД НОКАУТИТЕ Е НАЈГОЛЕМИОТ БОРЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА НА УФЦ?

Дерик Луис прво го собори рекордот во тешката дивизија, а потоа стана натпреварувачот со најмногу реализирани нокаути во историјата на УФЦ. Тоа му појде од рака на дуелот со Крис Даукас со нокаут во првата рунда, на последниот УФЦ евент оваа година.

Дерик Луис е осамен на врвот со 13 нокаути, пред Витор Белфорт и Мет Браун со по 12, следни на листата се Ентони Џонсон, Тиаго Сантош и Андерсон Силва со по 11 нокаути на УФЦ мечевите во нивните богати кариери. Кој е најголем на сите времиња?