АРСЕНАЛ ТРЕБА(ШЕ) ДА МУ ВЕРУВА НА АРТЕТА?
Објавено на: 19.12.2021
Топџиите во моментов се наоѓаат на 4-та позиција во Премиерлигата, а до скоро беа тим за потсмев со менаџер кој беше оценуван како неадекватен.
Микел Артета никогаш не играше во друг елитен клуб за тоа време (Барселона Б, ПСЖ, Сосиедад, Евертон) освен во Арсенал, а стана тренер кога беше најтешко.
Повеќе од половина од головите на лондонската екипа (52%), сезонава ги постигнуваат играчи кои имаат или се под границата од 21-на година.
Тоа е втор највисок процент во историјата на Премиерлигата, а Топџиите уште од времето на Арсен Венгер практукуваат создавање играчи без преголеми трошоци.
Иако константно се зборува за негово заминување, дали треба Арсенал да му верува на Микел Артета и да го задржи на позицијата менаџер на првата екипа?