РОНАЛДИЊО РАСТУРА И ВО СЕРВА НА ПЛАЖА
Објавено на: 21.12.2021
Малку повозрасната генерација нема никогаш да го заборави бразилскиот магионичар, кој даваше голови од каде сака, кога сака и како сака, кој поминуваше низ одбранбените фудбалери како тие да не постојат, кој ја креваше публиката на нозе каде и да се појавеше и против кого и да играше.
Роналдињо сега се забавува – повторно како сака, кога сака и колку сака, но кога ќе се соочи со топката, неговата магија едноставно е неповторлива и уникатна. Еве еден таков момент:
— Ronaldinho Gaúcho (@10Ronaldinho) December 20, 2021
На спротивната страна беше уште еден виртуоз со топката од малку по-повозрасната генерација, уште еден фудбалер за кого немаше граници на зелениот терен, а тоа е Ромарио.
Публиката апсолутно полудуваше на секој потег на овие двајца поранешни фудбалери, кои сите нас не оставаа без здив со секој нивен фудбалски чекор.