Фудбал

РЕАЛ МУ ШИТНА БОЛЕН РАМОС НА ПСЖ?

Поранешниот штопер на најтрофејната европска екипа, се уште нема шутнато топка за новиот клуб. ПСЖ го ангажира Серхио Рамос откако му истече договорот со Кралскиот клуб, шпанскиот интернационалец плачеше на прес пред заминувањето, на крајот сагата заврши со скап договор – 21 милион евра по сезона за плата.

Не само што Реал Мадрид премногу лесно се откажа од Серхио Рамос, туку и шпанската фудбалска федерација, се разбира преку селекторот Луис Енрике реши да не го повикува веќе за настапите за А селекцијата на оваа земја, а Рамос е еден од најдобрите одбранбени играчи во модерната историја на фудбалот и во секаква форма е добредојден во една репрезентација, каде во најмала рака би бил ментор на помладите. Познато е дека штоперите и голманите, созреваат со годините.

Дали парижаните купија бофол роба и тоа со договор до 2023-та година, а Реал и нудеше само едногодишен договор на иконата? Откако пристигна во Париз, Рамос го повреди листот. Во текот на летниот период постираше видеа на кои се гледа неговата одлична форма. Наседна ли лекарскиот тим на ПСЖ? Пропуштија ли нешто при прегледите? Или сето ова е само моментална хистерија, која Рамос многу брзо ќе ја демантира?