Кошарка

БУШЕ ЈА ИМА НАЈИНСПИРАТИВНАТА ПРИКАЗНА ЗА ЕДЕН СПОРТИСТ

Неговите родители се развеле кога имал 16 години, наскоро потоа бил избркан од домот на неговата мајка, немал каде да спие ниту да јаде сe до 20-годишна возраст. Се обидел да се запише на неколку училишта, но секој обид бил промашување.

Не одел на училиште затоа што немал услови, миел садови за да преживее, но играл кошарка во околниот парк каде го забележале скаути. Играл по завршувањето на работата, се до полноќ, затоа што немал каде да оди и што да прави во тоа врме од денот.

На локален турнир, постигнал 44 поени во финалето. Веднаш добил понуда од Академија Алма, немаше среќа во НЦАА лигата затоа што се повреди последната година и во НБА лигата се пријави недрафтуван. Во „Г“ лигата беше МВП со само 28 меча.

Крис Буше има две титули – 2018-та со Вориорс и 2019-та со Репторс, професионално или барем во тренажен процес почна да игра кошарка на 20-годишна возраст. Нeговата приказна е достоен доказ за вербата на едно младо момче, кое денес има 28 години…