Фудбал

ПОСИЛЕН РЕАЛ ВО ФИНИШОТ ОД СЕЗОНАТА

Реал Мадрид и покрај проблемите со тешките повреди на неколку првотимци, најде начин како да се бори за титулите во Ла Лига и Лигата на шампионите, а во пресрет на клучниот дел од сезоната 2023/24, пристигнаа фантастични вести за Карло Анчелоти.

Имено, доколку Кралевите го елиминираат Лајпциг во 1/8 финалето од ЛШ, за четвртфиналните дуели во составот би требало да се вратат Едер Милитао и Тибо Куртоа. Двајцата главни адути закрепнаа од повредите на колената, поради кои се претпоставуваше дека ќе ја пропуштат целата сезона, но рехабилитацијата се одвива побрзо од планираното.

Куртоа веќе е во тренажен процес, Милитао исто така се обидува да ја поврати играчката форма, што значи дека Реал ќе биде значително засилен за финишот од сезоната.

Со двајцата гладијатори назад во тимот, Реал може до двојна круна?