ПОЗНАТО ЗА КОИ ТУРНИРИ НАДАЛ СЕ ВРАЌА НА ТЕРЕНОТ
Објавено на: 30.01.2024
Рафа Надал на почетокот од годинава се врати на терените по подолга пауза, но на турнирот во Бризбејн издржа до четвртфиналето кога мораше да се откаже поради нова повреда. Поради тоа, некогашниот број 1 светски рекет го пропушти Австралија Опен, но сега се ближи кон камбек, а дури е и познато на кои турнири ќе настапи пред гренслемот во Париз, Ронал Гарос.
„Напредува константно, но мора да бидеme претпазливи поради сѐ што се случи во минатото. Најважно е што почна со тренинзи. Иако проблемот не беше голем, беше доволно за Рафа да го пропушти првиот гренслем годинава, што беше една од неговите цели. Направивме распоред кој ќе му одговара, бидејќи не е лесно од тврда подлога да се насочи кон играње на земја, а потоа повторно да игра на тврда подлога“, истакна неговиот тренер, Карлос Моха.
Надал ќе игра на турнирот во Доха од 18 до 25 февруари, а потоа ќе се упати кон САД каде ќе настапи на Индијан Велс и во Мајами.