РАЗОЧАРУВАЊЕТО, СОЛЗИТЕ И МОТИВАЦИОНИОТ ГОВОР НА ДУШЕБАЈЕВ (ВИДЕО)
Објавено на: 22.06.2022
Киелце беше на чекор до освојување на својата втора титула во Лигата на шампионите, но промашениот пенал на Алекс Душебејев и мирните раце на ракометарите на Барселона во пенал рулетот им ја донесоа нивната 11 Европска титула.
Полскиот тим беше рамноправен противник на најуспешниот европски клупски колектив во 60 регуларни минути, 10 минути продолженија, а на крајот се се сведе на пенал изведувањата.
Киелце ги погоди сите пенали, но единствениот промашен на поранешниот Вардарец ги чинеше втора Европска титула. Тимот од Киелце, објави видео од солзите на играчите, разочарувањето по натпреварот и мотивационот говор на Талант Душебајев кој порача „ќе се вратиме“.