ГОЛОТ НА МАРАДОНА КОЈ ЈА СМЕНИ ФУДБАЛСКАТА ИСТОРИЈА
Објавено на: 22.06.2022
Пред него имало многу добри играчи, по него има многу и ќе има многу добри играчи, но само еден може да биде Марадона. Комплетната фигура и целосниот имиџ на фудбалскиот Бог, кој веќе не е со нас, остануваат врежани во очите и срцата на фудбалските фанови ширум светот.

Оние кои живееја во времето кога тој играше, се повеќе од благословени. И покрај сите проблеми што ги имаше во животот, со недисциплината и со пороците, аргентинскиот ас Диего Армандо Марадона е незаменлива фигура во светската фудбалска историја, а овој гол е неговиот автограм:
Кој е најдобриот фудбалер на сите времиња, никогаш нема да се согласиме. Кој е најуспешниот фудбалер на сите времиња, никогаш нема да измериме со оглед на различните ери и правила во кои што играат различни играчи. Но, едно е јасно, за сите што ја допреле фудбалската топка:
СЕКОЈ САКА ДА БИДЕ МАРАДОНА!