Фудбал

НИ ХАЛАНД, НИ НИКОЈ ДРУГ, ТУКУ ВИНИЦИУС

Излезе статистиката за најдобриот играч минатата сезона, под 21-на година, односно за најпродуктивниот фудбалер во големите лиги во европската фудбалска конкуренција. На врвот е Винициус од Реал Мадрид, а веднаш зад него е Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, односно Борусија Дортмунд минатата сезона.

Напаѓачот на Кралскиот клуб има 42 учества во голови (22 гола и 20 асистенции на 52 натпревара), додека норвешкото чудо од играч има 32 учества во голови (27 гола и 5 асистенции на 29 натпревари). Зад водечкото дуо е Карим Адејеми од Ред Бул Салцбург со 30 (23 гола и 7 асистенции на 43 одиграни меча).

Да не заборавиме дека Винициус го постигна единствениот гол во финалето на Лигата на шампионите во Париз кога Реал го совлада Ливерпул и ја освои 14-та титула во клупската историја, што е уште една потврда за неговите квалитети.

Дали е тој најдобриот фудбалер на светот под 21-на година, во моментов?