Фудбал

РАКАТА НА ЈУВЕ НАДАЛЕКУ СТИГА?

Да се случи во Германија, па да кажеме дека е случајно во технолошки најнапредната и најпрецизната земја кога станува збор за авангардните технологии. Вака, кога ќе се случи во далечната Португалија, изолирана некаде на работ на Пиринејскиот полуостров, па згора на тоа излегува и на океан, а знаеме какви се нациите кои се излезени вода, тогаш може да се посомневаме дека нешто мириса.

На стадионот на Бенфина, на мечот со Јувентус, нема да функционира видео-технологијата. Без знаење на УЕФА, домашната екипа нарачала изведување на одредени градежни зафати на стадионот Луж, при што била пресечена оптиката. Нема време да се замени системот, па мечот ќе се одигра во делумен техолошки „мрак“. Ова е натпревар кој директно ќе решава кој ќе оди понатаму од групата Х во ЛШ.

Бенфика која има 8 бода може да се пласира понатаму со реми, под услов Макаби кој има три бода да го победи ПСЖ кој има 8 бода, во Франција. Но, Јувентус со само три бода по четири кола има свои математики и може диру и како првопласирана екипа да оди во 1/8 финалето, ако победи на слендите два меча, а Бенфика и ПСЖ загубат во последните две кола.