ЛЕГЕНДИТЕ НА ЕДНО МЕСТО – КОГО БИРАТЕ ЗА ВАШИОТ ТИМ?
Објавено на: 23.10.2022
Неодамна, на прославата на Франс Фудбал на која Бензема и повеќе од заслужено ја освои Златната топка на престижниот спортски медиум, на едно место се собраа дел од големите незаменливи и неповторливи имиња на фудбалот од блиското минато.

Овие грандиозни фудбалери играа по зелениот терен во последните години од минатиот век и на почетокот на новиот милениум, трчајќи го последниот круг на еден фудбал кој веќе нема да го видиме – тоа беше фудбал за љубов, фудбал за потег, фудбал за душа.

Во денешното време на легионерите (со чест на исклучоците) кои трчаат главно по пари, односно време на машинеријата која има за цел да произведе што повеќе банкноти, прашуваме:
Кого бирате за лидер на вашата екипа – Фиго, Зидан, Папен, Шевченко или Роналдо?