Фудбал
ПСЖ ПОЧНА ДА СЕ ОСВЕТУВА – ГО КРАДЕ ПОГБА ОД РЕАЛ?
Објавено на: 02.11.2021
Францускиот интернационалец одбива да седне на маса за преговори со неговиот актуелен клуб, Манчестер Јунајтед и наместо Англија, за следна дестинација во кариерата ќе ја одбере Франција. Пол Погба гледа кон Париз!

Ова се најновите информации од шпанскиот медиум Fichajes, според кои Реал М. и втората опција Јувентус, ќе извисат во дилот за расниот играч од средниот ред. Парите не се проблем, но дали традицијата ќе биде пресудна?