Фудбал

НЕКОГАШНАТА ХОЛАНДСКА НАДЕЖ ЌЕ ЛЕЖИ 6 ГОДИНИ ВО ЗАТВОР ПОРАДИ ШВЕРЦ НА ДРОГА

Квинси Промес е осуден на шест години затвор поради вмешаност во шверц на наркотици, односно кокаин, во количина од 1.350 килограми. Вредноста на оваа количина изнесува околу 75 милиони евра, за што обвинителството бараше затворска казна од девет години.

Промес не беше присутен во судот во моментот кога се изрекуваше казната, но може да поднесе жалба за пресудата. Сепак, за да ја одлежи казната, руските власти ќе треба да го екстрадираат во Холандија, но Русија нема договор за екстрадиција со оваа земја, па Промес доколку остане во Русија ќе може слободно да продолжи со неговата кариера како член на Спартак Москва.

Инаку, за Промес не е првпат да биде осуден на затворска казна. Минатата година беше осуден на 18 месеци затвор за напад со нож врз негов роднина.