Фудбал

НАЈУБАВИОТ ГОЛ ОД ВЧЕРА НЕ Е ПОСТИГНАТ ВО ЛШ, НО СЕ СМЕТА ЗА АВТО-ГОЛ (ВИДЕО)

Нокаут фазата во Лигата на шампионите тргна со гостински победи на Реал Мадрид и Манчестер сити, но сепак хајлајтот на вчерашната фудбалска вечер припадна на Џејден Филоџин од Хал и неговата бравура против Ротерхам во Чемпионшип лигата.

Офанзивецот на Хал го пресече додавањето и во два наврати му го сврте паметот на противничкиот играч, за потоа со рабона шут да погоди на подалечниот дирек лобувајќи го голманот.

Сепак, мајсторскиот погодок технички не му припадна на Филоџин, бидејќи топката го смени правецот откако се удри од грбот на Хамфрис и се запиша како авто-гол.