Тенис

НАДАЛ ПРИЗНА: ЃОКОВИЌ Е НАЈДОБАР ТЕНИСЕР НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Рафаел Надал во ексклузивно интервју за шпанската телевизија „Ла Секста“, призна дека Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер на сите времиња според успехот, но според неговото мислење. Шпанскиот тениски ветеран зборуваше за неговата кариера, но и за тоа каков играч и човек е Ѓоковиќ, а дека неговите бројки апсолутно потврдуваат дека Србинот е најдобриот тенисер воопшто.

„Бројките потврдуваат дека Ноле е најдобар тенисер на сите времиња. Но, и јас истото го мислам, по сѐ што видовме од него во кариерата, да, најдобар е. Немам его кое ме спречува да ги кажам работите што ги мислам и какви што се. Кога ја почнував кариерата, Федерер беше човекот на кого сите му се восхитуавме. Потоа се појави и Новак, па се создаде тоа ривалство кое сите нѐ направи подобри. На крајот, се покажа дека Ѓоковиќ има поздраво тело од нас, пропушти помалку турнири и гренслемови, па затоа сега е најуспешен“, истакна Надал, па додаде:

„Неговата фрустрација трае до моментот кога ќе го скрши рекетот, а потоа потполно го враќа својот фокус и е подготвен да даде 100% од себе за да победи. Затоа е тенисерот кој постигнал најмногу во нашиот спорт. Новак е многу подобар човек од она што го претставува на јавноста, дури и со сите негови маани, како кај секој друг човек. Сепак, за да се стигне до успехот што го оствари тој, мора да се создаде одредена проекција за тоа каков човек е Ѓоковиќ“, посочи 37-годишниот Рафа.

Надал поради повреда ја пропушти целата натпреварувачка 2023 година, а кога се понадева дека оваа година ќе биде подобра, мораше да се повлече од Австралија опен. Шпанецот од неодамна е во натпреварувачки погон и се очекува да се појави на наредните турнири како Индијан Велс, АТП Мајами.