Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: БАРСА Е ВО ЛИГА ЕВРОПА ВТОРА СЕЗОНА ПО РЕД

По триумфот на Интер против Викториа Плзен со чисти 4:0 на Сан Сиро во рамките на 5-то коло во Лигата на шампионите, екипата на Барселона нема шанси да се пласира во следната фаза во елитата.

Со 4 бода по 4 меча, пред соочувањето со Баерн Минхен на Камп Ноу, Каталонците се збогуваа со најквалитетното натпреварување втора сезона во низа, по мечевите во групната елитна фаза.

Порадо подобриот меѓусебен скор во рамките на групата Ц, односно победата во Италија со 1:0 и ремито во Шпанија со 3:3, тимот на Интернационале и да не освои бод во последното коло, останува втор.

Каде лежи проблемот со Барселона? Зошто оваа „машинерија“ за производство на играчи не создаде уште една генерација, по онаа со Меси? Ќе се врати ли некогаш на славните патеки, Блауграна?