Фудбал

ПРИКАЗНАТА ЗА ФИЛМ НА ДЕ РОСИ И ОСТИАМАРЕ

Фудбалот понекогаш знае да напише приказни што не можеш да ги измислиш.

Даниеле Де Роси минатата година го купи малиот клуб Остиамаре од Рим и буквално го спаси од згаснување. Тоа не беше само финансиска одлука, туку лична мисија. Зошто? Причината е „враќање на долг“.

Остиамаре е клубот каде што Де Роси ги направи првите чекори како млад фудбалер, пред да биде забележан и премине во Рома, каде подоцна стана легенда и симбол на клубот.

Само една година подоцна, приказната доби совршен пресврт. Под негово водство, Остиамаре оваа сезона избори пласман во Серија Ц, првпат по цели 35 години.

Од клуб што му помогнал да ја започне кариерата, до момент кога тој му враќа на ист начин, 26 години подоцна.