Фудбал

СЦЕНАРИО ЗА НЕВЕРУВАЊЕ: ЈУНАЈТЕД И ЛИВЕРПУЛ СО ПЛАСМАН ВО ЛШ ДЕНЕС

Борбата за Лига на шампиони влегува во клучна фаза, а ситуацијата во Премиер лига е толку заплеткана што постои сценарио во кое и Манчестер Јунајтед и Ливерпул можат да се радуваат, дури и во ист ден.

Оваа сезона, благодарение на резултатите на англиските клубови во Европа и петтото место носи пласман во Лигата на шампиони, што дополнително ја прави трката уште поинтересна..

Манчестер Јунајтед влегува во дербито со јасна цел: Победа против Ливерпул значи сигурен пласман. Но, постои и сценарио во кое можат да загубат, а сепак да останат во топ 5, доколку резултатите од другите натпревари им одат во прилог.

Ливерпул пак, со победа на гостувањето практично си обезбедува место меѓу првите пет, а во комбинација со кикс на конкурентите тоа може да стане и математички потврдено.

Во игра е и Астон Вила, која со победа против Тотенхем и поволен развој на останатите резултати може да направи клучен чекор кон елитата.

Клучниот фактор во целата математика е резултатот на Борнмут против Кристал Палас. Ако Борнмут не победи, тогаш конкурентите нема да можат да стигнат до потребниот број бодови и местата во топ 5 практично се заклучуваат порано.

Тоа отвора и најинтересното сценарио: ако Ливерпул победи, а Борнмут не победи, тогаш Ливерпул ќе обезбеди место во Лигата на шампиони, а Манчестер Јунајтед може да остане во топ 5 и покрај поразот.

Со други зборови, дербито на Олд Трафорд не е само битка за бодови туку натпревар што може истовремено да им донесе радост и на двата ривали.