Фудбал

МУРИЊО ОДГОВОРИ ЗА ЕВЕНТУАЛЕН КАМБЕК ВО МАДРИД

Жозе Мурињо повторно се најде во центарот на шпекулациите околу можно враќање во Реал Мадрид, но овојпат реши јавно да стави крај на приказните.

На прес-конференција пред натпревар на Бенфика, португалскиот стратег беше директно прашан дали има контакт со мадридскиот клуб, а неговиот одговор беше краток и јасен:

Можам да гарантирам дека никој не ме контактирал.

Со ова, Мурињо практично ги демантираше тврдењата дека веќе постојат преговори, иако медиумите во Шпанија последните денови интензивно го поврзуваат со клупата на Реал.

Тој додаде дека ваквите приказни се дел од фудбалот и дека сите во овој свет се навикнати на шпекулации, потенцирајќи дека во моментов нема ништо конкретно.

И покрај тоа, Мурињо не ги затвори целосно вратите за иднината. Нагласи дека неговиот фокус е на Бенфика, но со изјавата дека неговото време за формални потврди и церемонии е минато, индиректно остави простор за промени по крајот на сезоната.

Во меѓувреме, во Реал сакаат што побрзо да донесат одлука за нов тренер, со цел навреме да започнат со подготовките за следната сезона. Сè укажува дека клучниот момент ќе дојде токму по завршувањето на тековната кампања.

Иако засега нема контакт, приказната очигледно не е завршена, летото би можело да донесе нов пресврт.