ПРЕМИЕРЛИГАТА НЕМА АДВОКАТСКИ ТИМ ДА МУ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА СИТИ, НО…
Објавено на: 07.02.2023
Еден од поранешните адвокати на клубот од Манчестер се огласи по повод обвинувањата на сметка на „сините граѓани“, дека ги кршеле финансиските правила во подолг период, поради што може да се случи да бидат казнети драконски.

Се претпоставува дека процесот ќе трае уште неколку години, затоа што на англиските фудбалски власти им требаа 4 години да се подготват и да излезат со конкретни податоци.

Во случајот кога УЕФА го казни Манчестер Сити, кој прво беше обвинет за финансиски малверазции и санкциониран со 30 милиони евра и 2 години отсуство од европските натпреварувања, за потоа поради временската рамка во која се случиле прекршоците казната да биде намалена на само 10 милиони евра без фудбалско исклучување, сега доказите биле на страната на Премиерлигата во чии прописи нема временски рамки.
Очигледно е дека Сити ќе ангажира 50 адвокати, но истото ќе го стори и Премиерлигата. Иако нема соодветен правен тим во моментов, доказите се на страната на Премиерлигата. Ако биде докажано она поради кое се товари Манчестер Сити, јасно е дека клубот мора да биде исфрлен од Премиерлигата. Очекувам тешка казна. – изјави Стефан Борнсон, поранешен финансиски советник на клубот од „Етихад“.
Прашање е дали сето ова ќе се докаже, дали Премиерлигата ќе има доблест да го исклучи Сити од понатамошно натпреварување и на колкав период, како и дали ќе му ги одземе титулите кои треба да им припаднат на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед, по три на двата клуба ако се докаже вината на граѓаните.
Имавме цврсти докази против Сити, нивната измама беше очигледна. Спонзорските пари беа уплатени од сопственикот на клубот. Употребија армија од адвокати за да го добијат случајот, да ги блокираат нашите службеници. Сепак, Премиерлигата има дури и поконкретни докази од нашите. Истрагата која е во тек е далеку поопсежна од нашата. – изјави Ив Летерм, истражен функционер на УЕФА и поранешен белгиски премиер.
Како ли ќе им се исплати отштета на сите фудбалери и тренери кои ги загубија работите, мирот и нервите, за време на незаконското владеење на Манчестер Сити? Ќе имаат ли тие право да тужат?