Фудбал

ЧЕЛСИ ТРГНА ПО ЕНРИКЕ

Сеиорзни се најавите од Островот дека лондонските сини ќе се обидат да го ангажираат поранешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике доколку се решат да го отпуштат Греем Потер. А, се чини, прашање на ден е кога ова второво ќе се случи.

Потер дојде на клупата на Челси со големи амбиции, на местото на Томас Тухел кој беше неславно избркан и токму тој момент може да биде пречка за доаѓањето на Луис Енрике, кој сигурно би сакал мирни води со цел да навлезе во суштината на екипата.

Во минатото, под водство на Абрамович, управата на Челси беше немилосрдна за тренерите. Може ли да се случи овој контакт со Тод Боели на чело на Челси и како ќе влијае врз развојот на англискиот фудбал и на европскиот фудбал?

Речиси сите актуелни врвни тренери се собрани на едно купче, или подолго и пократко дефилираат во неофицијалната „Суперлига“, со мали исклучоци по другите врвни екипи низ европските национални лиги. Што ли ги влече во Англија?