Фудбал

ЈУВЕНТУС ЌЕ ГИ БРКА ИГРАЧИТЕ ЗА ДА ЗАШТЕДИ ПАРИ

Поради новоинастанатата ситуација во торинскиот клуб, управата се реши на драстични чекори кога е во прашање финансискиот момент. Јувентус беше казнет со одземање на 15 бода поради финансиски малверзации, а му се заканува казна од уште 20 бода негатива од страна на Серија А.

Најверојатно, на крајот на сезоната, најтрофејната италијанска екипа повторно ќе се пресели во Серија Б, не се знае дали ќе и бидат одземени нови титули, но поради таквиот расплет на настаните ќе се случи и нов егзодус на играчи.

За да заштеди 70 милиони евра, Јувентус ќе ги терминира, односно нема да ги проролжи договорите со Анхел Ди Мариа, Алекс Сандро, Адриен Рабио, Леандро Паредес и Хуан Квадрадо.