Фудбал

ПРЕМИЕРЛИГАШКИТЕ МЕНАЏЕРИ ПОДГОТВУВААТ РЕВОЛУЦИЈА!

Честите откази на менаџерите во англиските шампионати, особено во Премиер лигата, ги натера предводниците на екипите да побараат да се воведе револуционерно правило кое ќе го промени фудбалот.

Имено, премиерлигашките менаџери бараат да се воведе услов во нивните договори да може да бидат отпуштени само во преодните рокови, односно доколку клубовите планираат да им врачат отказ, да не биде тоа ви било кој период од сезоната. Значи, отказ само во јануари, или во јули и август кога се отворени прозорците за трансфери на фудбалери.

„Фудбалерите имаат јасни правила во договорите со клубовите, да може да бидат продадени или отпуштени само за време на трансфер периодите. Така треба да биде и со менаџерите – откази само во периоди кога може да се прават трансфери“, стои во вестта која ја објави британскиот „Сан Спорт“.

Според споменатиот медиум, оваа идеја првично ќе се воведе во Чемпионшип и пониските лиги во Англија, па во однос на тоа каков резултат ќе донесе новото правило, во иднина ќе се воведе и практикува и во Премиер лигата.