НОВОТО КОШАРКАРСКО ДУО НА МАКЕДОНИЈА МЕЃУ КАНДИДАТИТЕ ЗА МВП ВО ВТОРОТО КОЛО
Објавено на: 27.02.2024
Македонската кошаркарска репрезентација во првиот квалификациски прозорец за Евробаскетот 2025 забележа пораз на домашен терен од Естонија и голем триумф над Полска, а во тие средби двајца наши репрезентативци особено се истакнаа.
Ненад Димитријевиќ и Етан Хап се најдоа во изборот најкорисен играч во второто коло од овие квалификации.
Димитријевиќ блесна во Полска со 32 поени, 8 скока и 8 асистенции, додека Хап забележа 19 поени, 7 скока и 5 асистенции. Во вакво разиграно издание, Македонија доби ново дуо од кое се очекува да ја предводи нашата селекција и во понатамошниот дел од квалификациите, со надеж дека ќе се обезбеди пласман на Евробаскетот 2025.
View this post on Instagram
Воедно, Нено е најдобар стрелец во овој прозорец со вкупно 57 поени, зад него е Словенецот Клемен Препелиќ, додека трет најефикасен играч по двата квалификациски меча е Торнике Шенгелија ос Грузија.
Што се однесува за Хап, Американецот со македонски пасош во два меча забележа 5 блокади и моментално е најдобар во овој сегмент.