МЕСИ ГО НАПУШТА ИНТЕР МАЈАМИ И СЕ ВРАЌА ВО ТАТКОВИНАТА?!
Објавено на: 30.10.2026
Лионел Меси би можел да го напушти Интер Мајами на почетокот на 2027 година и да се врати во Аргентина, каде што би ја завршил кариерата во клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори.
Аргентинските медиуми објавија дека капитенот на светскиот шампион размислува за враќање во Њуелс Олд Бојс, клубот за кој навива од детството. Наводно, во аргентинскиот тим веќе работат на реализација на трансферот и се оптимисти поради сигналите дека Меси не е против таквата можност.
Меси го напушти Њуелс уште како дете, пред да замине во академијата на Барселона, каде што подоцна ја изгради својата блескава кариера.
Аргентинецот веќе три години настапува за Интер Мајами, со кој минатата сезона ја освои титулата во МЛС-лигата. Иако неодамна ја продолжи соработката со американскиот клуб, сега се појавија информации дека би можел да замине пред истекот на договорот.