ПОВРЕДАТА НЕ Е НАИВНА – ЛЕБРОН „ВО АУТ“ НА НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ
Објавено на: 03.04.2021
Повредата што Леброн Џејмс ја заработи во втората четвртина од синоќешниот дуел со Атланта не е нималку наивна и големиот ас сега ќе мора да мине подолг период надвор од терените.
„Кралот“ се упати кон соблекувалната и повеќе не се врати на теренот, а првичните прегледи утврдиле проблем со скочниот зглоб. Засега нема конкретна прогноза околу камбекот и должината на паузата, но се чини дека Џејмс ќе пропушти најмалку десет натпревари на ЛА Лејкерс. Проблемите на актуелните прваци се уште поголеми ако се знае дека веќе извесно време повреден е и центарот Дејвис, па останува да се види како ќе функционираат „езерџиите“ без двајцата клучни играчи.
„Патот на рехабилитацијата почнува од денеска. Ништо не ме прави побесен и потажен од тоа да не можам да бидам тука за моите соиграчи. Ќе се вратам наскоро, како никогаш да не сум заминал од теренот“, порача Леброн Џејмс.