Останато

ПАНТУРО И ВЛХОВА ОСВОЈУВАЧИ НА ГОЛЕМИОТ „КРИСТАЛЕН ГЛОБУС“ ВО АЛПСКО СКИЈАЊЕ

Французинот Алекис Пантуро и словачката Петра Влхова се освојувачи на големиот кристален глобус во алпско скијање во сезоната 2020/2021.

Французинот славеше на денешниот велеслалом во швајцарскиот Лензерхајде што беше доволно на една трка до крајот да ја осигура победата во светскиот куп. Покрај титулата во генералниот пласман Пантуро триумфираше и во конкуренција на велеслалом.

Кај дамите Влхова го осигура првото место иако на денешниот велеслалом го освои само шестото место, но по откажувањето на спустот и супервелеслаломот беше сигурно дека Словачката ќе триумфира бидејќи нејзината најголема конкурентка Лара Гут Бехрами нема ни да настапи во техничките дисциплини.