Фудбал

ПОВЕЌЕ ХРАБРОСТ ОД ЦЕЛА БАРСЕЛОНА, ЗАТОА ШТО ТОРЕС Е ШКОЛА НА СИМЕОНЕ

Еден од навивачите на Реал Мадрид го навредуваше Фернандо Торес, кој е поранешен играч на Атлетико Мaдрид, а сега е во улога на тренер на младинската екипа на црвено-белиот клуб од престолнината, Atlético Madrid Juvenil A.

За разлика од екипата на Барселона, односно играчите и стручниот штаб кои загубија глава кај Еспањол, кој прв да влезе во тунелот и да се спаси од „налетот“ на дури „тројца“ противнички навивачи (што секако е потег за осуда и за казнување, рака на срце), Торес му најави на навредувачот:

Сега ќе ти се качам горе на трибината, кловну!

Патем, ќе го затепаше и противничкиот тренер кој „му се даде“ в лице, поранешниот соиграч од Ливерпул со име Алваро Арбелоа заканувајќи му се дека „ќе му ја искрши главата“. Ја забележувате разликата?