Кошарка

ПОТЕГОТ КОЈ ГИ ЗАПАЛИ ИТАЛИЈАНЦИТЕ ГО ИМАШЕ СЕЛЕКТОРОТ ПОЦЕКО (ВИДЕО)

Италија го приреди најголемото изненадување на оваа Европско првенство, елиминирајќи го можеби првиот фаворит за златото, селекцијата на Србија.

Италијанците речиси низ цел натпревар беа во негатива, но аѕурите се чини дека се кренаа по исклучувањето на Џанмарко Поцеко, селекторот на Италија.

Откако беше исклучен, тој го повика секој играч да го бакне и да му посака борба до самиот крај.

Поцеко беше исклучен во третат четвртина, а од тогаш до самиот крај Италијанците играа во транс, погодувајќи од секоја можна позиција.

Пред крајот на натпреварот, Поцеко сакаше повторно да влезе во теренот, но сепак беше задржат од еден од неговите помошници, избегнувајќи поголема суспензија.