СРБИЈА Е КИЛАВА КОЛКУ ШТО Е КИЛАВ ЈОКИЌ
Објавено на: 11.09.2022
Насловот не е навреда, туку пластично објансување на тоа што и се случи на српската репрезентација во 1/8 финалето на ЕП. Да се случеше истото во 1/4 финалето, никому ништо, ќе беше природно затоа што таму доаѓа далеку посилна селекција од италијанската.

Првата грешка беше изборот на Пешиќ за селектор, затоа што, со секоја чест на стариот лисец и медалите кои и ги донесе на Србија – неговото време одамна е поминато и неговата кошаркарска филозофија не е застанерна, туку е надживеана и лесно се чита.

Втората грешка беше изоставувањето на Милош Теодосиќ од списокот на патници на континенталниот собир – има време за подмладување, играч како Теодосиќ е потребен па макар и да не влезе во игра, а тој игра во италијанскиот шампионат и одлично ги познава Аѕурите.

Третата грешка беше поставувањето на Јокиќ како централна оска во играта на Србија – никогаш, ама никогаш еден НБА играч не и донел титула на една европска селекција, на еден континентален собир. Тоа не му појде од рака на Новицки во 2005-та, зошто мислеа Србите дека тоа ќе го направи тромавиот Јокиќ? Никола игра во НБА лигата од 2015-та и потполно го има прифатено американскиот систем, за него кошарката е забава, а не натпреварување. Нема „набацено“ ниту грам мускул! Да, кошарката се игра со глава, но на теренот се движиш со МУСКУЛИ! Прашајте го Адетокумбо…

Најголемиот херој на овој 1/8 финален филтер е селекторот на Италијанците, Џанмарко Поцеко кој свесно направи две технички грешки и им влеа толку енергија на своите избраници, што ќе го победеа и Дрим тимот на САД.
Фото: Fiba.basketball