ФОЛИРАЊЕ НА КОЕ И НЕЈМАР БИ ПОДЗАВИДИЛ (ВИДЕО)
Објавено на: 11.06.2024
Павел Даводовиц, репрезентативецот на Полска, многу веројатно ќе се најде во конкуренција за награда за најдобра глума на фудбалските терени, доколку навистина постоеше таква награда, со неговиот апсурден потег да извлече фаул.
Полска вчера славеше со 2-1 против Турција во последната контролка пред стартот на Европското првенство, дуел од кој најзабележан потег беше токму на дефанзивецот во бел дрес. Давидовиц се фрли како риба на тревата, но реакцијата му беше толку неприродна и задоцнета, што не е јасно како не доби жолт картон.
Adam Małysz, Trondheim 138,5 m, euro2024zowane pic.twitter.com/3Yx5acYbAb
— Context of Polish Football (@OfPolski) June 10, 2024