ХРВАТСКА РЕКЛАМА ПРЕДИЗВИКА ГОЛЕМ РЕВОЛТ ВО СРБИЈА
Објавено на: 11.06.2024
Дали се сеќавате на стартот на Јосип Шимуниќ над Миралем Сулејмани во 2014 на Маракана? Доколку не или можеби како низ магла ви поминува таа случка, еве мало потсетување.
Токму овој брутален старт на Шимуниќ беше идеја за реклама во Хрватска на шведски бренд на паметна косилица, пред почетокот на Европското првенство со порака: „Коси како Џо во најдобрите денови“.
За потсетување, се играше можеби решавачки натпревар за пласман на СП во Бразил 2014.

Ваквата реклама предизвика бура на реакции во српската јавност, гневни дека еден неспортски потег се слави на големо во Хрватска.
На крај, добро е да се каже дека и лоша реклама е добра реклама, нели?