Фудбал

СИМЕОНЕ СИ ОДИ НА КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

Дојде ли време за крај на легендарнагта врска меѓу аргентинскиот фудбалски мајстор и шпанскиот клуб кој успеа да им влезе во математиките на гигантите Реал Мадрид и Барселона? По 12 години поминати на кормилото на душекџиите, Диего Пабло Симеоне заминува од позицијата прв тренер на мадридскиот клуб, соопштуваат доброупатени локални медиуми.

На клупата на црвено-белите од Мадрид, Диего „Чоло“ Симеоне во колекцијата на трофеи ги има двете титули освоени во Шпанија, играше две финалиња во ЛШ кои ги загуби од Реал, има две титули освоени во Лига Европа, освои два Суперкупа на Европа и има по една титула освоена во Купот на Кралот и во шпанскиот Суперкуп.

Во сезоната 1995/96 играше за екипата на Атлетико која ја покори Шпанија, освојувајќи ги Купот и титулата, под водство на најконтроверзниот шпански фудбалски работник, Хесус Хил кој беше претседател на посиромашната екипа од престолнината. Ако овие гласини се вистинити, како би го оцениле времето на тренерот Диего Симеоне во Атлетико?