ПО 22 СЕЗОНИ, ТОМ БРЕЈДИ КАЖА – ДОСТА БЕШЕ
Објавено на: 01.02.2022
Квотербекот на Тампа Беј најави пензија, на неговиот Инстаграм профил. Според неговите зборови, тој веќе нема мотив за компетитивен ангажман. Не наведе која е конкретната причина, но човекот има 44 години и ги поседува сите можни трофеи во личната колекција.
Брејди има вкупно седум титули во Супербоул, има пет МВП признанија во финалните натпревари, има три МВП признанија за регуларниот дел од сезоната, има две награди најдобар офанзивен играч на сезоната и други индивидуални НФЛ награди, од кои боли глава…
Дали (беш)е ова најдобриот НФЛ играч на сите времиња?