ДАЛИ Е ОВА НАЈГОЛЕМИОТ ВИНОВНИК ЗА ДЕКЛИНАЦИЈАТА НА ЈУНАЈТЕД?
Објавено на: 01.02.2022
По 10 години на чело на најславниот англиски фудбалски клуб во поновата историја, а до неговото доаѓање најтрофејниот во англискиот фудбал и се уште најтрофејниот во Лигата на шампионите, Ед Вудвард си замина од челната позиција на црвениот клуб од Манчестер.
Во 2012-та, Вудвард го замени Дејвид Гил. Во 2005-та и помогна на фамилијата Глејзер да го откупи Манчестер Јунајтед и во следните 7 години, како финансиски оперативец, успеа да го крене приходот на клубот од 50 милиони фунти, на скоро 120 милиони фунти.

Несомнена е неговата улога во финансиската игра на клубот кој го предводеше Сер Алекс Фергусон, кој беше на менаџерската позиција од 1986-та до 2013-та, но дали Вудвард беше главниот виновник за несоодветните трансфери и тренери кои доаѓаа и заминуваа?