Фудбал

БАРСА ОТВОРИЛА ПАРАЛЕЛНА ФИРМА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ НА ГОЛЕМО

Адвокатите на Лапорта откриваат детали од времето на Бартомеу, во кое се переле пари на големо. Според податоците до кои дошле адвокатите на актуелното раководство, за работењето на претходното, од Барселона се изнесени огромни пари без „нормално“ покритие.

Платите на играчите биле огромни, енормни, потоа провизиите на менаџерите за играчи се движеле со 33,3% што е исто така енормно во споредба со редовните законски 5-10%, постоела фиктивна компанија која имала основна задача да соработува со Барселона.

Адвокати и менаџери наплаќале хонорари и по 7 милиони евра за трансфери со кои не биле ни поврзани. Актуелното раководство обвинува на систематски криминал, добро осмислен и спроведен, уплаќани се пари на фиктивни компании за лажни зделки…

Ви личи ова на нешто познато?