ПЕШИЌ ХОСПИТАЛИЗИРАН, ОСТАНУВА ЛИ СРБИЈА БЕЗ СЕЛЕКТОРОТ?
Објавено на: 18.10.2021
Светислав Пешиќ е во болница каде му се третира запаление на грлото, кое во вакви моменти на пандемија може да предизвика пад на имунитетот и заболување и од други болести, не дај Боже и од Ковид-19 кој е најнепредвидливиот вирус познат на јавноста во современата историја.
Според српските лекари, состојбата на Кари (72) е стабилна, но тој ќе остане на лекување во болница:
Има акутно запаление на грлото, што бара третмани кои може да се спроведат само тука. Селекторот Пешиќ е веќе примен во Клиничкиот центар на Србија, во Белград.
Србите имаа контролни мечеви закажани за 18-ти и 19-ти октомрви, кои се откажани. До кога ќе боледува големиот шампион и дали ќе се врати на терените? Му посакуваме брзо оздравување!