Фудбал

ПАРАДА? САКАМ ДА ОДАМ ДОМА

Сезоната во НБА лигата не завршува со освојувањето на пехарот и прстените за кошаркарите на победничката франшиза. Секогаш, следува шампионската парада низ улиците на градот во кој слетува големиот пехар на најквалитетната кошаркарска лига на светот.

Сезонава, апсолутно заслужен победник е тимот на Денвер Нагетс, предводен од Никола Јокиќ и Џамал Мари. Српскиот интернационалец, во целата еуфорија околу последните натпревари со Мајами Хит и триумфот од 4:1, заборави на еден клучен момент, но го потсетија новинарите:

На прашањето дали со нетрпение ја очекува шампионската парада, тој зачуден рече:

Парада? Не! Сакам да одам дома.

Оригинално, во негов стил… Никола Јокиќ е шампион и МВП на финалната серија. Честитки.