Фудбал

ИМЕТО НА НАЈОМИЛЕНИОТ НА ЛИСТАТА НА БЕРЛУСКОНИ, ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ

Многу големи имиња продефилираа низ соблекувалната на Милан, за време на најтрофејниот претседател на овој фудбалски клуб и еден од најмаркантните во историјата на фудбалот.

Додека Силвио Берлускони управуваше со росонерите, Милан царуваше со фудбалот. Најдобрите играчи и најдобите триа во времето кога беа дозволени по тројца странци, играа токму во Милан.

Еве ги најомилените играи на Донот на фудбалот:

Роналдињо
Кака
Марко Ван Бастен
Кларенс Сидорф
Андриј Шевченко
Роберто Донадони
Филипо Инзаги
Џовани Гали
Франко Барези
Дејан Савичевиќ

Низ кулоарите на фудбалот се зборува дека токму црногорскиот интернационалец е најомилениот играч на сите времиња, за Силвио Берлускони кој не штедел пари за да го доведе во Милано и дури се скарал со тренерот Фабио Капело и го натерал да го пушти во игра „мрзеливиот“ генијалец.

Савичевиќ го доби прекарот „геније“ и беше единствениот играч, што го користел приватниот авион на СИлвио Берлускони. Берлускони почина денеска на 86-годишна возраст.