Фудбал

ПАНДЕВ: СРЦЕТО МИ Е ПОЛНО, ЌЕ БИДАМ ВЕРЕН НАВИВАЧ НА МАКЕДОНИЈА

Македонската фудбалска икона Горан Пандев кажа официјално збогум на репрезентативниот дрес. Со 122 одиграни натпревари и 38 постигнати гола е апсолутен рекордер, а неговата блескава кариера е заокружена со голем успех и со националниот тим. Како што вели, срцето му е полно и време е за крај.

„Не можам да играм за репрезентацијата на Македонија, а да не го давам максимумот. На 38 години на два фронта за мене ќе биде премногу. Ќе бидам најголем навивач на репрезентацијата, сигурен сум дека ќе бидат добри во квалификациите за СП. Срцето ми е полно, да се игра на големо натпреварување вo светиот дрес е голeмa работа. Клупските успеси не ги вклучувам во ова , тоа е сосема друго. Дадов максимум од мене и ова е крај. Возбуден сум, благодарен сум на целата македонска јавност, 20 години носење на светиот дрес на репрезентацијата за мене беше гордост. На најдобар начин се простувам, на големо натпреварување“, изјави Горан Пандев.