Фудбал

ДРЕСОТ НА ПАНДЕВ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ: КАКО ИЗГЛЕДАШЕ СОБЛЕКУВАЛНАТА НА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ

„Десетката“ на Горан Пандев и македонското знаме веднаш до него. Вака беше пречекан Гранде Пандев во соблекувалната во пресрет на денешниот меч со Холандија, последен за него во националниот тим.

Капитенот го одигра 122. натпревар во дресот на Македонија, тој е апсолутен рекордер и по бројот на мечеви и по бројот на постигнати голови (38).

„Срцето ми е полно, се збогувам на Европско првенство, во дресот на Македонија. Поубаво „збогум“ не можев ни да замислам“, изјави Пандев.